Општина Велес во соработка со колективен постапувач ТЕКСОМАК организира едукативен настан за правилно управување со отпад од текстил за деца и млади на ден 11.12.2025 година во “Големата сала” на општина Велес со почеток во 18 часот.

Од големо значење е да се разбере важноста на овој вид на отпад и колку  е важна реупотребата, рециклирањето како и  грижата што секој од нас ќе ја покаже кон овој вид на отпад, а  со тоа и грижата кон животната средина.