Денеска, на Градските гробишта „Св. Спас“ ќе бидат погребани посмртните останки на Ристе Ристевски истакнат интелектуалец и политичар од Велес. Во периодот 1982-1984 година Ристевски ја извршуваше функцијата претседател на Собранието на Општина Велес. Во историјата на македонскиот народ ќе остане запаметен како активен учесник во штрајкот на велешката гимназија, во 1942 година и како една од најавнгардните и најпрогресивните личности во Велес.
По повод смртта на Ристе Ристевски, градоначалникот Аце Коцевски упати телеграма со сочувство до семејството. „Со неизмерна почит кон придонесот на господинот Ристе Ристевски во историскиот, културниот и политичкиот развој на Велес, во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓаните, Ви изразувам најдлабоко сочувство за ненадоместливата загуба. Поривот за слобода, авангардноста и интелектуалниот придонес на Ристе Ристевски засекогаш ќе останат врежани во историјата на Велес како аманет за сегашните и идните генерации“, стои во телеграмата.
Посмртните останки на Ристе Ристевски ќе бидат погребани во 12:30 часот, на гробиштата „Св. Спас“.