На првиот ден од Новата година, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски рано утринава ги посети дежурните служби во градот, кои се одговорни за безбедноста на велешани и кои се на своите работни места за време на новогодишната ноќ.
Коцевски ги посети Полициската станица, Итната медицинска помош и Територијалната противпожарна единица во Велес. Честитајќи им ја новата година на дежурните вработени во овие служби, градоначалникот Коцевски им подели поклони и им се заблагодари за нивната професионалност, посветеност кон работата и континуиран придонес за безбедноста на своите сограѓани, како и за ангажираноста во секое време од годината.