Во просториите на Општина Велес, денес се одржа средба на која градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски заедно со претставници од Центарот за јавно здравје – Велес, инспекциските служби, МВР – СВР Велес и ЈКП Дервен разговараа за прашања поврзани со отворањето на Малото пазарче во Нова населба, како и за досегашната работа на Градскиот пазар и проширување на продажбата на непрехранбени производи на отворено, по што се донесе заклучок дека состојбата поврзана со Коронавирусот не дозволува да се укинат веќе донесените мерки. Според тоа, Градскиот пазар ќе продолжи да работи според досегашната динамика и определеното работно време, секој работен ден од 07:00 до 14:00 часот, а Малиот пазар останува затворен.
На средбата, исто така се разговараше и за барањата на регистрираните трговци-поединци за продажба на други, односно непрехранбени производи, како и обезбедувањето дозвола за продвавање на досегашните продавачи кои без дозвола ги продаваа своите производи на паркинг просторот зад училиштето ООУ„Панко Брашнаров“ пред Градскиот пазар.
Следната средба на која повторно ќе бидат разгледани овие и други дополнителни барања ќе се одржи во понеделник (18 мај 2020 година).