И овој викенд во водите на Вардар се одржа кајак натпреварување кое е под покровителство на Кајакарската федерација. Кајакарскиот клуб „Бабуна“ од Велес како домаќин по 7 –ми пат го организираше Кајак слаломот на диви води Отворено првенство на Македонија „Велес 2019“
🚣♀ 🎖Со резултат од 79, 26 секунди Христијан Игнатов постигна најдобро време на денешниот натпревар.
🚣♀ Во дисциплината К-1 (мажи) пионери, првото место го освои Стефан Рибарски од ККК „Вардар“ Велес, втор патеката ја заврши Полат Зејнелов од ККК „Вардар“ Велес, додека третото место го освои Матеј Коцев од ККК „Просек“ Демир Капија .
🚣♀ Во дисциплина К-1 (мажи) јуниори, првото место го освои Ангелче Петрушевски од ККК „Вардар“ Велес, второпласиран беше Мартин Мазнев од ККК „Вардар“ Велес, третото место го освои Ердинч Зејнелов од ККК „Вардар“ Велес.
🚣♀ Во дисциплина К-1 (мажи) сениори, прв патеката ја помина Христијан Игнатов од КК „Бабуна“ Велес, втор беше Никола Димов од КК „Бабуна“ Велес, додека третото место му припадна на Марко Кесиќ од ККК „Гусар“ Ниш Р.Србија.
🚣♀ Во дисциплина Ц-1 (мажи) јуниори, најбрз беше Христијан Игнатов од КК „Бабуна“ Велес, втор патеката ја помина Борче Мирчевски од КК „Бабуна“, додека третото место го освои Никола Димов од КК „Бабуна“ Велес.
🚣♀ Во дисциплина Ц-1 (мажи) сениори, првото место го освои Христијан Игнатов од КК „Бабуна“ Велес, второ место освои Виктор Миланов од КК „Илинден 90“ Скопје, додека трет патеката ја помина Коце Игнатов од КК „Бабуна“ Велес.
Во дисциплина К-1 (жени) јуниорки, првото место и припадна на Ангела Димова од КК „Бабуна“ Велес, а втора ја помина патеката Олгица Мелова од ККК „Просек“ Демир Капија.
🚣♀🚣♀🚣♀Екипен пласман
ККК „Вардар“ Велес – 39 бода
1. КК „Бабуна“ Велес – 35 бода
2. ККК „Просек“ Демир Капија – 23 бода
3. ККК „Гемиџии 903“ Велес – 12 бода
4. ККК „Илинден 90“ Скопје – 3 бода
5. КК „Вила Зора“ Велес – 2 бода
Овој спортски настан беше реализиран со поддршка на Општина Велес.