Во изминатиов период преку мерната станица за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух лоцирана во населба Тунел се измерени изразено високи среднодневни концентрации на ПМ 10 честички во воздухот.

Согласно последни резултати од мониторинг станицата за квалитет на амбиентен воздух Велес 2 на Државниот автоматски мониторинг систем при Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Велес ги известува граѓаните за високи среднодневни концентрации на PM 10 честички на територија на Општина Велес за деновите 08 февруари со измерени 125,4 μg/m3 и 09 февруари со измерени 148,02 μg/m3. Согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели („Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/05,  4/13 и 183/17) е надминат Прагот за информирање од 100 μg/m3.

На 24.01.2023 отпочнати се градежни активности за реконструкција на дел од ул.Благој Ѓорев – Нова населба (од градинка Димче Мирчев клон 5 до спој со ул.Живко Фирфов), активности кои се вршат во непосредна близина на мерната станица.

На изведувачот му е укажано дека градежните работи за реконструкција на улицата треба да се вршат согласно прописи и мерки од добра градежна пракса како и мерките од Програмата утврдени во Елаборат за заштита на животната средина одобрен со решение од Надлежен орган, а препораки за граѓаните се:

– Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал

– Рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено

– Правилно да се користат печките за дрва, да се користи суво не влажно огревно дрво и редовно да се чистат оџаците

– Да се користи јавниот превоз

– Возила да не се користат без поголема потреба

– Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време

Доколку има надминување на Прагот на алармирање  во текот на два последователни дена над 150 μg/m3 ќе бидат превземени дополнителни вонредни мерки за што јавноста навремено ќе биде информирана.

 

 

ОПШТИНА ВЕЛЕС

Со почит.