Почитувани,
Општина Велес ја известува јавноста дека од петок, 30 јули 2021 година ќе организира бесплатен автобуски превоз до езеро „Младост”.
Согласно спроведената јавна анкета на електронските медиуми во градот, резултатите покажаа голема заинтересираност од страна на жителите на Општина Велес за кориситење на бесплатен превоз до езерото „Младост” во летниот период.
Автобусот ќе сообраќа секој ден во периодот од 30 јули до 31 август 2021 година. На почетокот автобускиот превоз ќе биде организиран во соработка со компанијата „Пан Промет”, а понатаму патниците ќе бидат превезувани со автобусот на Општина Велес.
Релација на движење:
Автобусот поаѓа секој ден во 10:00 часот од автобуската постојка „Багремче“ во населба „Тунел“; постојка трговски центар; постојка спроти маркет „Жито“ на улица „Благој Ѓорев“; постојка спроти Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“; постојка „С’рмаале“ (кај јаворот, на улица „8 Септември“); постојка „Центар“ (НА-МА); постојка населба „Речани“; Брод „Панини“ езеро „Младост“.
Враќањето од езеро „Младост“ е секој ден во 18:00 часот од паркингот кај бродот „Панини“.
Во случај на лоши временски услови автобусот нема да сообраќа.
Со почит,
Општина Велес