Истекува рокот на јавните повици за субвенционирање на физички лица за купен велосипед за 2021 година и за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор за 2021 година.

Сите заинтересирани граѓани можат да поднесат барање за надоместување на трошоците за купен велосипед односно сончев термален колектор, заедно со потребната документација во архивата на Општина Велес, на ул. Панко Брашнар бр.1 Велес, заклучно со 05 август 2021 година.

За подетални информации погледнете ги јавните повици објавени на веб страницата на Општина Велес www.veles.gov.mk  на следниве линкови :

ЈАВЕН  ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА ЗА КУПЕН ВЕЛОСИПЕД ЗА 2021 ГОДИНА

ЈАВЕН ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА ЗА КУПЕН СОНЧЕВ ТЕРМАЛЕН КОЛЕКТОР ЗА 2021 ГОДИНА