Почитувани сограѓани,

 

Општина Велес Ве известува дека услуга за собирање на габаритен отпад од Вашите домаќинства по повик од Ваша страна престанува и нема да се извршува. Оваа услуга им беше пружена на граѓаните заради вонредната состојба предизвикана од пандемијата со вирусот Ковид-19.

Согласно Одлуката за постапување со комуналниот, комерцијалниот и другите видови неопасен отпад на територијата на Општина Велес, ЈКП Дервен како давател на услугата, должен е еднаш годишно во пролетниот период да организира акција за собирање на габаритен отпад од корисниците на услугата.

Доколку граѓаните имаат потреба од отстранување на габаритен отпад, се молат да не го оставаат на јавните површини, до контејнерите за отпад туку да се воздржат до организирање на акција за собирање на овој вид на отпад од страна на општината и ЈКП Дервен.

Период предвиден за организирaно собирање на габаритен отпад  за 2022 год. е од 15 август до 19 август и од 26 септември до 30 септември.

Во овој период габаритниот отпад да се изнесува на јавни површини и остава до контејнерите за отпад, исклучиво по претходно обраќање до ЈКП Дервен, бидејќи услугата за собирање и транспортирање на габаритен отпад е бесплатна само за предвидениот период за спроведување  на акцијата.

Се замолуваат граѓаните само во овој период да се обратат – јават до сектор Комунална хигиена секој работен ден од 07.00 до 15.00 часот на следниве телефонски броеви:

071/229-986

075/343-751

043/233-768

Во габаритен отпад спаѓа:

Мебел, делови од мебел, душеци, прозорски заштитни решетки, кујнски елементи.

Санитарии – кади, туш кабини, корита, завеси, мијалници, тоалет шољи, славини за вода, огледала.

Градинарска опрема  – огради, врати, градинарски алат и машини, садови за цвеќе, клупи

Друг габаритен отпад – ролетни,тенди, врати, прозори, прозорски рамки, велосипеди, радијатори, тапети, играчки и детски колички, како и дрвена амбалажа.

 

Ве молиме да придонесеме за подобар изглед на урбаната средина и заштита на животната средина.