Општина Велес ги известува граѓаните дека утре (вторник) 19 ноември 2019 година, со почеток во 07:00 часот ќе се врши бетонирање на дел од улицата која се исклучува од улица „Димитар Влахов”, кон населба Речани (под железниот мост, непосредно до новоизведениот бетонски ѕид.)
Поради изведување на бетонските работи нема да може да се поминува со возила во времетраење до 24 часа.
Во интерес на квалитетно изведување на градежните работи, Општина Велес апелира до граѓаните да не го користат овој патен правец во споменатиот временски период.