Почитувани,
Општина Велес ги известува жителите на Општина Велес кои имаат неодложна потреба од движење за време на забрана за движење (полициски час) движењето можат да го најават и достават свои податоци на следниот линк:
https://veles.gov.mk/izvestuvanje-za-policiski-cas/
Напомена: Општинскиот штаб за заштита и спасување- Велес не издава дозволи за движење за време на полицискиот час, затоа е потребно вашето известување за движење да го најавите најдоцна до 14:00 часот во текот на денот (за движењето во денот за попладневите часови или за наредниот ден).
Повратно известување или дозвола не се доставува, доволно е само да си го забележите часот и денот на вашата пријава и истата да ја дадете или го известите полицискиот службеник кој ве легитимира.
Вашата пријава за движење од страна на Општинскиот штаб ќе биде доставена до надлежниот орган МВР -Велес.
Со почит,
Општина Велес