Врз основа на член 78 став 2 од Статутот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/06,03/09,18/10,15/14,15/18 и 06/19), а согласно Одлуката за распишување на избори за членови на Советот на постојните урбани и месни заедници во Општина Велес бр.08-2701/1 од 12.07.2019 година,
Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски, Ве ПОКАНУВА на 13.09.2019 година (петок) со почеток во 18 часот во просториите на основното училиште да го одржиме Собирот на граѓани за избор на членови на Совет во месната заедница „Клуковец“.
Собирот ќе се одржува со следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Избор на работна група на Собирот и записничар.
- Утврдување на бројот на членовите на Советот на урбаната-месната заедница.
- Предлагање и утврдување на кандидати за членови на Советот на урбаната заедница.
- Избор на членови на Советот на урбаната заедница.
Ве молиме за присуство на собирот.
Градоначалник
на Општина Велес,
Аце Коцевски с.р