Податоци и информации:

  1. Назив на органот: Општина Велес

Адреса: ул. “Панко Брашнар” бр.1 Велес

2. Назив на планскиот документ: Детален урбанистички план за КП 16955/2 и КП 16956 КО Велес, Општина Велес.

3. Краток опис на документот: Просторот кој е предмет на изработка на планската документација, се наоѓа во централното градско подрачје со вкупна површина од 3,13 ха. Локацијата е со добра сообраќајна врска, а при инвентаризација на содржините и функциите на теренот евидентирани се 21 објект со намена Г2- лесна и незагадувачка индустрија, додека неизграденото земјиште на овој простор изнесува 8957м2 или 28,6%. Во планскиот опфат има комунална инфраструктура, водовод, фекална, атмосферска канализација и електро-енергетска инфраструктура.

4. Назив и број на документ: Известување за спроведување на стратегиска оцена со бр. УП1-15-1213/2020 од 25.09.2020. од Министерство за животна средина и просторно планирање.

5. Засегнати органи: Министерство за животна средина и просторно планирање, Општина Велес и Министерство за транспорт и врски.

6. Редослед на активностите во постапката за донесување на планскиот документ: Просторот во рамките на планскиот опфат досега не е опфатен со урбанистичка планска документација. За конкретниот опфат издадени се Услови за планирање на просторот согласно Просторниот план на Република Македонија.

7. Засегната јавност:

Општина Велес

8. Начин на вклучување на засегнатата јавност: Сите информации во врска со Нацрт-Извештајот за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Детален урбанистички план за КП 16955/2 и КП 16956 КО Велес, Општина Велес е достапна на www.veles.gov.mk.

Граѓаните на посебен формулар може да ги дадат своите забелешки во однос на Извештајот; во рок од 30 дена од денот на објавување.

Јавната расправа ќе се одржи на 15.01.2021г.(петок) во просториите на Општина Велес, со почеток во 10 часот.

9. Дополнителни информации поврзани со изработката на документот:

Реализиацијата на ДУП за КП 16955/2 и КП 16956 КО Велес, Општина Велес претставува услов за развој на истиот. Со негова реализација ќе се оствари удел во развојот на економските активности во локалната и националната економија, а поволната поставеност на опфатот во однос на Општина Велес со постојните инфраструктуни системи овозможува развој на стопанството  во интегиртет со еколошки чист предел. Деталниот урбанистички план треба да предложи развој што ќе овозможи подобар степен на искористеност на градежното земјиште и можност за планирање на просторот.

Извештајот за стратегиска оцена на животната средина не ги анализира поединечните развојни проекти, туку влијанијата врз медиумите на животната средина од глобален аспект, додека можните влијанија во подецнежните фази при изградбата и функционалноста на објектите ќе се решат со засебни документи за влијание врз животната средина (студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина или елаборат за заштита на животната средина), во кои се прават детални анализи и се даваат конкретни препораки. Целта на Стратегиската оцена е да се интегрира заштитата на животната средина и здравјето на луѓето во процес на подготвување и донесување на плански документи преку експертска проценка и проценка на јавноста пред донесување на истите.

Најголем бенефит од спроведувањето на стратегиската оцена на животната средина е во вклучувањето на аспекти во полето на социјалата, економијата и животната средина, меѓусебна сосработка, развој на регионалните цели и целите за одржлив развој ни заштитата на животната средина и луѓето.


СЕА формулар

Формулар за забелешки