Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15,192/15, 39/16, 99/18), и член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина (”Службен весник на РМ“ број 147/08, 45/11), Општина Велес го објавува следното:

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за изработка на Нацрт-Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за ЛУПД за стопански коплекс, со класа на намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија, производи за градежната индустрија на КП бр.668/1, 668/2, 668/4 и делови од КП бр.667/1, 667/2, 668/3 и 666/1 КО Сујаклари-вон град, Општина Велес.

Податоци и информации:

  1. Назив на органот: Општина Велес

Адреса: ул. “Панко Брашнар” бр.1 Велес

  1. Назив на планскиот документ: ЛУПД за стопански комплекс, со класа на намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија , производи за градежната индустрија на КП бр. 668/1, 668/2, 668/4 и делови од КП бр. 667/1, 667/2, 668/3 и 666/1 КО Сујаклари – вон град Општина Велес.
  2. Краток опис на документот: Просторот кој е предмет на изработка на планската документација е оддалечен 8,0 до 9,0 км северо-источно од градот Велес,  завземајќи површина од 2,06 ха. Локацијата е со добра сообраќајна врска, а локалитетот односно градежната парцела има поволна географска диспозиција во однос на градот. Границите на опфатот се КП 669/1 и КП 669/3 на исток, локален општински патен правец Отовица-Сујаклари на запад и на север и локален општински патен правец вон функција на југ. Намената е Г2-лесна и незагадувачка индустрија (производи за градежна индустрија и тоа: шајки со различна должина и дебелина, влечена жица, мрежи од бетонско железо и др.) Во планскиот опфат постои сопствена водоводна инсталација за технолошкиот процес на производство (бунар со пумпна станица), а со изработка на АУП на разводната мрежа ќе се предвиди поставување на ПП хидранти, приклучоци, воздушни и испусни вентили и др. Планирано е отпадните води да се приклучат на идна пречистителна станица која е планирана во рамките на градежната парцела, a моментално се зафаќаат во септичка јама исто така во рамките на градежната парцела. На предметната локација опфатена со овој ЛУПД постои осветлување, атмосферска канализација и електро-енергетска инфраструктура.
  3. Назив и број на документ: Известување за спроведување на стратегиска оцена со бр. УП1-15-1695/2020 од 20.01.2021. од Министерство за животна средина и просторно планирање.
  4. Засегнати органи: Министерство за животна средина и просторно планирање, Општина Велес и Министерство за транспорт и врски.
  5. Редослед на активностите во постапката за донесување на планскиот документ: Просторот во рамките на планскиот опфат досега не е опфатен со урбанистичка планска документација. За конкретниот опфат издадени се Услови за планирање на просторот согласно Просторниот план на Република Македонија.
  6. Засегната јавност:

МЗ.Сујаклари

  1. Начин на вклучување на засегнатата јавност: Сите информации во врска со Нацрт-Извештајот за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за ЛУПД за стопански комплекс, со класа на намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија, производи за градежната индустрија на КП бр. 668/1, 668/2, 668/4 и делови од КП бр. 667/1, 667/2, 668/3 и 666/1 КО Сујаклари – вон град Општина Велес е достапна на www.veles.gov.mk.

Граѓаните на посебен формулар може да ги дадат своите забелешки во однос на Извештајот, во рок од 30 дена од денот на објавување.

Јавната расправа ќе се одржи on line на 12.04.2021г.(понеделник), со почеток во 10 часот.


Meeting link: https://opstinaveles.webex.com/opstinaveles/j.php?MTID=m9d5dcbf1b30e26029f16265e5ab767df
Meeting number: 183 280 3660
Password: RzZ3sEGf4g8

За следење на нацрт извештајот, потребно e да ја преземете и да ја инсталирате програмата Cisco Webex Meetings преку следниве линкови:

Windows: https://www.webex.com/downloads.html

Android: – https://play.google.com/store/apps/details?id=com.cisco.webex.meetings

IOS – Apple (iPhone): https://itunes.apple.com/us/app/cisco-webex-meetings/id298844386


Дополнителни информации поврзани со изработката на документот:

Реализиацијата на ЛУПД за стопански комплекс, со класа на намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија, производи за градежната индустрија на КП бр. 668/1, 668/2, 668/4 и делови од КП бр. 667/1, 667/2, 668/3 и 666/1 КО Сујаклари – вон град Општина Велес претставува услов за развој на истиот. Со негова реализација ќе се оствари удел во развојот на економските активности во локалната и националната економија, а поволната поставеност на опфатот во однос на Општина Велес со дел од постојните инфраструктурни системи овозможува развој на стопанството во интегиритет со еколошки чист предел. ЛУПД треба да предложи развој што ќе овозможи подобар степен на искористеност на градежното земјиште и можност за планирање на просторот.

Извештајот за стратегиска оцена на животната средина не ги анализира поединечните развојни проекти, туку влијанијата врз медиумите на животната средина од глобален аспект, додека можните влијанија во подецнежните фази при изградбата и функционалноста на објектите ќе се решат со засебни документи за влијание врз животната средина (студија за оцена на влијанието на проектот врз животната средина или елаборат за заштита на животната средина), во кои се прават детални анализи и се даваат конкретни препораки. Целта на Стратегиската оцена е да се интегрира заштитата на животната средина и здравјето на луѓето во процес на подготвување и донесување на плански документи преку експертска проценка и проценка на јавноста пред донесување на истите.

Најголем бенефит од спроведувањето на стратегиската оцена на животната средина е во вклучувањето на аспекти во полето на социјалата, економијата и животната средина, меѓусебна сосработка, развој на регионалните цели и целите за одржлив развој ни заштитата на животната средина и луѓето.