Колку сите општествени чинители придонесуваат во промоција на европските вредности и мултикултурализмот, каква е соработката меѓу локалната власт, граѓанските здруженија, медиумите и граѓаните за активно учество и вклучување во носење на одлуки на локално, колку на локално ниво се спроведува Стратегијата „едно општество за сите“, особено на делот наменет за Локалната самоуправа. На овие и други прашања поврзани со европските вредности и култикултурата на локално ниво одговараше Градоначалникот Коцевски во интервјуто за Здружението на граѓани ЦИВИЛ.
Овие активности што ЦИВИЛ ги реализира во неколку општини низ државата се дел од проектот „Европски перспективи“ (следно ниво), финансиски поддржан од Министесртвото за надворешни работи на Германија. Освен интервјуа со Градоначалници, во рамки на проектот, ЦИВИЛ реализираат и панел дискусии, инфо штандови, средби со граѓанки и граѓани.