Согласно Оперативниот план за дезинфекција на територијата на Општина Велес, општината во соработка со ЈКП „Дервен” денес започнаа активности за чистење на дивата депонија во месноста Рамина, како и чистење на атмосферскиот канал во близина на ООУ „Васил Главинов”.
Откако ќе заврши чистењето, ќе следуваат активности за перење и дезинфицирање на просторот.
И покрај лошите временски услови, активностите се реализираат согласно распоредот на активности утврден со Оперативниот план за дезинфекција.