ЦЕЛ НА КОНКУРСОТ

  • Конкурсот се распишува со цел да се прибават предлози на кандидати за доделување на Актерската награда за животно дело „Петре Прличко“.

ПРАВО НА УЧЕСТВО

  • На конкурсот предлог за кандидат можат да поднесат физички и правни лица од областа на драмската уметност како драмски уметници, национални и локални институции и здруженија на граѓани од областа на драмската уметност од Република Северна Македонија.
  • Кандидатите треба да се професионални драмски актери државјани на Република Северна Македонија.
  • Приоритет на конкурсот имаат драмските актери од средната генерација.
  • На конкурсот нема да се земаат предвид предлозите со кои кандидатите се предлагаат самите себе си.
  • Конкурсот отпочнува на денот на објавувањето, а крајниот рок за доставување на предлози е 01.11.2019 година, најдоцна до 15:00 часот во Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, лично или по пошта.
  • За предлозите испратени по пошта краен рок е датумот и часот на поштенскиот печат во горе споменатиот рок за предавање.

ПРЕДЛОГ

Предлогот за кандидатот на конкурсот треба да содржи:

  • пријава за кандидатот од предлагачот;
  • биографија на кандидатот што ги содржи сите досегашни професионални остварувања во областа на драмската уметност и евентуалните награди и признанија;
  • фотографија на кандидатот;
  • образложение од предлагачот за пријавување на кандидатот на конкурсот.

НАГРАДА

  • На конкурсот се доделува една награда.
  • Наградата се состои од плакета со ликот на Петре Прличко и паричен дел.

ИЗБОР

  • Од пријавените кандидати по конкурсот, изборот на добитникот го врши стручна комисија од три члена.
  • Комисијата ќе ги објави резултатите од конкурсот на прес конференција во Општина Велес, најдоцна 5 дена по истекот на рокот предвиден за предавање на предлозите по конкурсот.

Актерска награда за животно дело „Петре Прличко“