К О Н К У Р С

за доделување на наградата

„Рациново признание“ за 2020 година

 

Наградата „Рациново признание“ се доделува за прозни, литературни остварувања на автори од Република Северна Македонија објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“.

Право на учество на конкурсот имаат сите издавачи и автори кои во периодот од јуни 2019 година до мај 2020 година објавиле прозни дела на македонски автори.

Делата се доставуваат во 3 примерока на адреса Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, 1400 Велес со назнака „За конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2020 година.

Делата треба да се достават на горе наведената адреса најдоцна до 01.08. 2020 година.


Конкурс