Во рамки на Велешкото културно лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’” вечерва во Ликовниот салон во Велес се одржа концертот на Градскиот камерен оркестар насловен „Сербез класика“.
Со познати музички дела од Бокерини, Шостакович, Гершвин, Гардел и други, како и со македонски антологиски песни со потекло од Велес, настапија солистите Вероника Караколева, проф. Менка Богоевска, проф. Габриела Бачманова, м-р Трајче Малинов, м-р Светлана Ташева и проф. Веселинка Маџарова, под диригентската палка на м-р Илија Настовски.
Поради временските неприлики концертот беше откажан од првично утврдениот датум и одржан вечерва согласно пропишаните протоколи и мерки за заштита и превенција од ширење на Коронавирусот.
Програмата на Велешко културно лето 2020 можете да ја погледнете на следниов линк.