Во рамките на Државниот шампионат во Ендуро денес заврши 3- тата трка на која земаа учество поголем број на мотоциклисти.
Беа постигнати следниве резултати:
Е3 класа:
Трето место: Сали Имеров од Мото клуб Мото Велес со освоени 40 бода
Второ место: Владимир Димков од Мото лкуб Ендуро тајм со освоени 42 бода.
Првото место : Дејан Марковски со освоени 50 бода, од Мото клуб „Драпачи“.
Е2 класа:
Трето место: Филип Митровски со освоени 38
бода од СРТ Куманово
Второ место: Иван Цековски со 44 бода, од
МК Ендуро тајм
Прво место: Самет Имеров со 50 бода, од МК Мото Велес.
Е1 класа:
Tретото место го делат Јован Јовановски (Ноќни волци) и Кристијан Грчевски (МК Драпачи) со освоени 20 бода.
Второ место: Христијан Станковиќ (МК Ендуро тајм) со освоени 47 бода.
Прво место: Драган Ванов (МК Мото Велес) со освоени 48 бода.
Во рекреативна трка трето место освои Давид Ристов со 20 освоени бода.
Второ место му припадна на Едвард Арсов со 22 бода а Елвир Мемедов беше првопласиран со 25 бода.
Ендуро трката ја организира МК ,,Мото Велес” и МФАМ со поддршка на Општина Велес. Настанот е во рамките на програмата за одбележување на 9 Ноември, Денот на Општина Велес.