Почитувани,

Општина Велес Ве поканува да ја проследите и/или земете активно учество на Јавната расправа на која ќе биде презентиран проектот „Изградба на покриен Градски пазар во Велес.

Јавната расправа ќе се одржи во понеделник, (11 јануари 2021 година), со почеток во 17:00 часот.

Поради актуелната состојба со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, Јавната расправа ќе се одржи:

  • со физичко присуство, во Големата сала на Општина Велес (ограничен број на присутни, до 30 лица) и истовремено
  • на платформата Cisco WebExMeeting.

 

Проектот ќе го презентираат архитектите од проектантската куќа Друштво за геодетски работи, трговија и услуги „ГЕО БАЛКАН” увоз – извоз ДООЕЛ, Битола.

За следење на Јавната расправа и/или активно вклучување во истата, потребно e да ја инсталирате програмата Cisco Webex Meetings преку следниот линк:

https://www.webex.com/downloads.html

Линк за приклучување на платформата Cisco Webex Meetings:

Meeting link: https://opstinaveles.webex.com/opstinaveles/j.php?MTID=me4237b510ad2a9d69a99c9daad5b2345

Meeting number: 174 601 3131

Password: J9uMmupAM27

 

Креирањето на кориснички профил за Cisco Webex Meetings софтверот е опционално, односно не е задолжително поседување на кориснички профил за да учествувате на состанокот, односно Јавната расправа.

Исто така може да ја користите опцијата „Join the Meeting“, внесувајќи:

Meeting ID 174 601 3131 и

Meeting Password J9uMmupAM27

Ве молиме Вашата најава на Јавната расправа да ја направите 15 минути порано односно во 16:45 часот.

Доколку сте заинтересирани за физичко присуство да ја следите Јавната расправа, Ве молиме навремено најавете се на opve@veles.gov.mk или на телефон 043 232 406.

Со почит,

Општина Велес


Одлука за задолжување

Проект: „Изградба на покриен Градски пазар во Велес“