На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја информираше јавноста дека во текот на минатата седмица Општина Велес доби донација од 50 таблети од компанијата „Еколог“ и нејзините основачи, семејството Дестани од Тетово, наменети за деца чии семејства се соочуваат со тешки социјални предизвици и не се во можност да следат интернет настава од далечина, дека групацијата „Дрекселмаер Македонија”, која е најголем работодавач на велешани со седиште во Кавадарци донираше 250 скафандери и дека Здружението за хумано домување „Хабитат Македонија донираше 50 пакети со средства за лична хигиена се обезбедени преку проектот „Одржлив урбан развој на ромските заедници” финансиран од Европската Унија.
Во просториите на Училишниот дом „Лазар Лазаревски”, кој Општинскиот штаб за спасување и заштита го определи да биде центар за складирање на донации, градоначалникот Коцевски извести дека се складирани 50 пакети донирани од претпријатието „Малина” од Велес, 151 пакет од Фондацијата „Отворено општество” и Црвен крст на државно ниво, пет пакети од физички лица и петнаесет донирани пакети од семејството на господинот Ердоган Етоски кој по потекло е од Мелница, а живее во Швајцарија за што изрази благодарснот во име на жителите на Општина Велес. Воедно, градоначалникот Коцевски го пренесе и заклучокот на Општинскиот штаб за заштита и спасување дека докторите и вработените во ординациите за примарна здравствена заштита и специјалистичките ординации, кои можат да бидат инфицирани затоа што се први на удар во овие тешки моменти, да им се помогне за да им се донира заштитна медицинска опрема, без разлика дали е добиена по пат на донација или обезбедена од државни или општиснки средства.