По повод 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попречености во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес, денес беа промовирани четири нови аудио книги.
На денешната промоција Локалната библиотека „Гоце Делчев“, поддржана од Министерството за култура, а во соработка со Здружението на слепите лица на Општина Велес, ги претстави четирите нови наслови на аудио книгите: „Модричка тетратка” од Бошко Смаќоски, „Бела Грива” од Рене Гијо, „Мице” од Ванчо Николески и „Златното фенерче на летото” од Рајко Јовчевски.
За важноста на новите аудио изданија, пред присутните претставници на јавните институции од градот, здруженијата на граѓани и Општина Велес, говореа директорот на Локалната библитека, Игор Крајчев и претседателот на Здружението на слепите лица, Тони Пајдаков.
Со промоцијата на овие четири нови изданија се зголемува фондот на книги во сопственост на Локалната библиотека, кои стануваат достапни за користење на лицата со оштетен вид од градот.