Врз основа на член 62 став 10 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, … и 32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавен увид по
Урбанистички проект за село за формирање на градежна парцела со намена А1.1-станбени куќи (слободностоечки), во ОА Отовица,
на КП 1068/1 И КП 1068/2, КО Отовица, Општина Велес
Граници на опфатот за КП бр.1068/1 и КП 1068/2, КО Отовица се:
– на јужна страна опфатот се граничи со КП 1080/1,
– на северна страна граничи со КП 1061,
– на источна страна опфатот граничи со КП 1069,
– на западна страна опфатот се граничи со КП 1109/1, КП 1109/2 и КП 1105.
Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 1 980м2.
Јавниот увид за Урбанистички проект за село за формирање на градежна парцела со намена А1.1-станбени куќи (слободностоечки), во ОА Отовица, на КП 1068/1 И КП 1068/2, КО Отовица, Општина Велес, ќе се спроведе со објавување на службената веб страна на Општина Велес.
Јавниот увид ќе трае 15 работни дена, од 20.05 до 03.06.2021 година, на службената веб страна на Општина Велес (www.veles.gov.mk).
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења.