Почитувани,

Ве известуваме дека согласно задолжението од точка 11 од заклучоците на 16. Седница на Владата на РСМ, во текот на превенција од Корона вирусот, во сите воспитно-образовни институции во градот, секој работен ден, во периодот од 09:00 до 13:00 часот, ќе бидат воведени ротациони дежурства, со цел издавање на потребните потврди и останати документи.

Додека пак, согласно задолжението од точка 17 од заклучоците на 16. Седница на Владата на РСМ, Општина Велес во соработка со Министерството за здравство и Центарот за јавно здравје, пред истекот на превентивниот период, ќе извршат дезинфекција на објектите на воспитно-образовните институции во градот.