Согласно последните резултати од мониторинг станицата за квалитет на амбиентен воздух Велес 2 на Државниот автоматски мониторинг систем при Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Велес ги известува граѓаните за високи среднодневни концентрации на PM 10 честички на територија на Општина Велес за деновите 16 и 17 ноември 2020 година од 116.03 μg/m3, односно 102.28 μg/m3.
Согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели („Службен весник на Република Македонија“ бр. 50/05, 4/13 и 183/17) Прагот за информирање од 100 μg/m3 е надминат.
Препораки за граѓаните:
- Рано наутро и доцна навечер да се избегнува долготрајна изложеност на отворено
- Да се одложат сите активности на отворено
- Правилно да се користат печките за дрва, да се користи суво, а не влажно огревно дрво и редовно да се чистат оџаците
- Да се користи јавниот превоз
- Возила да не се користат без поголема потреба
- Повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, истовремено почитувајќи ги препораките за заштита од COVID-19
- Да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал
Доколку има надминување на Прагот на алармирање во текот на два последователни дена над 200 μg/m3 при стабилна временска прогноза ќе бидат превземени дополнителни вонредни мерки за што јавноста навремено ќе биде информирана.