Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна теристичка дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност

Општина Велес ја известува јавноста, дека денес започаа активностите за второ ларвицидно третирање –  третирање од земја, против ларви од комарци. Во текот на денешниот ден третирано е езерото „Младост“, активностите ќе продолжат на 3 октомври 2022 година.

Теренското третирање од земја, против ларви од комарци ќе се изврши на територија од 7 хектари покрај вода и водни површини, кои се мапирани како лежишта на комарци, а посебно внимание ќе се посвети на површините со неистечена вода каде комарците имаат идеални услови за размножување.

По спроведена постапка за извршување на овие активностите избран е операторот ЈЗУ Центар за Јавно здравје – Скопје, и согласно Елаборатот изработен од страна на Центарот за јавно здравје Велес, ќе бидат третирани:

  • Крајбрежјето на Езеро „Младост“
  • Делот „Јарбош“
  • Градскиот Парк
  • Стадион
  • Младински Парк
  • По течението на реката Вардар
  • Реонот на потокот и
  • Градските фонтани.

 

Третманот се врши со препаратот „Биопрен“  4 ГР, ларвицид за комарци во вид на гранули, се наоѓа на листата на биоцидни производи на Министерството за здравство и се применува насочено само за комарци и ларви кои летаат на области кои се претходно мапирани.

Средството во вид  на гранули се положува во застоени водени површини. Истото не е штетно за луѓето, пчелите, ниту за домашните миленици.

Ларвицидното третирање е општа мерка за заштита на населението од заразни болести, предвидена во Програмата за активности на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2022 година.