Почитувани,
Општина Велес ја известува јавноста дека денес во утринските часови компанијата „Бониер” од Куманово изврши трето авионско третирање против комарци на подрачјето на Општина Велес.
Согласно договорот помеѓу општината и компанијата за авионска апликација на средство за аеросолна дезинсекција, прскањето е изведено со средството Ciceron 2.0 ulv, биоциден производ за уништување на летечки инсекти од производителот „Биогенесис”, Република Србија. Производот е одобрен од Бирото за лекови за употреба во јавен простор кој не е штетен за луѓето. Полнењето на авионот и прскањето на подрачјето на општината беше изведено под надзор на стручно лице од Центарот за јавно здравје – Велес.