Драги млади велешанки и велешани,
Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам 12 август, Меѓународниот ден на младите.
Вие, преку вашите креативни идеи, потенцијал и ентузијазам за ваше активно вклучување во процесите на донесување на политики, можете да влијаете на личниот, но и директно на општествениот развој.
Вие можете да придонесете најмногу за остварување на визијата Велес да се развива како модерен и современ град за да биде посакувано место за живеење за сите генерации.
Вие сте гласните критичари, будната авангарда, по која Велес е препознатлив, но и предводниците на современото живеење.
Општина Велес останува и понатаму отворена за вашите идеи и предлози за идни заеднички активности со цел зајакнување на личниот и професионален развој на секој млад човек, но и за развојот на општината преку младинската вклученост.
Со почит,
Градоначалник на Општина Велес
Аце Коцевски