Почитувани,

Во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓанките и граѓаните на Општина Велес и во свое лично име, на сите медицински сестри, акушерки и техничари им го честитам 12 мај, Светскиот ден на медицинските сестри, акушерки и техничари.

Вашиот секојдневен хуман придонес, посветеноста и грижата кон пациентите, како и професионалниот пристап кон работата, ја претставува една од нераскинливите алки на соработка и поддршка на целиот медицински персонал во рамки на здравствениот систем.

Изразувам длабока почит и благодарност за вашиот вложен труд кон превенирањето и зачувувањето на здравјето на сите велешанки и велешани посебно во овој период кога државата се соочува со пандемијата на Коронавирусот (Ковид-19).

12 мај е денот кога е родена Флоренс Најтингел, позната како „Дамата со фенерот”, една од најзаслужните за намалување на смртноста на војниците во Кримската војна, жената која ја поставила основата на денешната професија медицинска сестра со основањето на нејзиното училиште за медицински сестри во Лондон, по што овој ден се одбележува како Светски ден на медицинските сестри, акушерки и техничари.

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес,
Аце Коцевски