Почитувани,

Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, на сите припадници од исламска вероисповед, Ви го честитам големиот празник Рамазан Бајрам. Ако петте столба на исламот се: постот, верата, молитвите, поклонението и милосрдието, тогаш празничните денови нека ги одбележат слогата, заедништвото и взаемната почит.

Посакувам овие вредности да бидат наше секојдневие и сите да имаме спокоен и среќен живот низ целата година. Искрено сум убеден дека и во иднина ќе го негуваме меѓуверското и меѓурелигиското почитување. Со отворени срца за верата, љубовта и простувањето, овој празник нека Ви донесе благодет во семејствата, среќа во заедницата и мир во душата.

 Честит Рамазан Бајрам!

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес,
Аце Коцевски