Почитувани,

Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, на сите просветни работници, ученици и на сите граѓани на Велес ви го честитам 24 мај, Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

Темелите на писменоста на словенските народи ги поставија учителите, браќата Кирил и Методиј. Со нивното дело дадоа огромен цивилизациски придонес не само за македонскиот народ, туку и за сите народи кои ги негуваат словенските културни и традиционални особености.

Градењето на македонскиот идентитет денес се должи на нивната безвремена посветеност да го направат јазикот разбирлив за другите народи и да се пренесе својата мисла, култура, вредности, а пред сè, јазикот на идните генерации.

Нивната благородна мисија е светска придобивка која денес обединува многу народи преку писменоста, како едно од основните обележја на еден народ. Важноста и значењето на Светите браќа Кирил и Методиј се гледа и во фактот што Ватикан со признание ги прифаќа како патрони на Европа и токму на овој ден ги чествува.
Нека е вечно нивното име, а делото нивно да го зачуваме од заборав.

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес,
Аце Коцевски