Почитувани,

Во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓаните од сите заедници и во свое лично име, до сограѓаните од исламска вероисповед упатувам честитки по повод почетокот на рамазанските пости. 

Светиот месец Рамазан е празникот кога се слави духовното и телесното прочистување.

Солидарноста и милосрдието се заеднички вредности на кои нè учат  религиите. Но, добрината, милоста и споделувањето се човечки доблести кон кои треба да се стремиме сите ние.


Во духот на празникот, Ви посакувам лесни рамазански пости. Посакувам мир,  благосостојба, љубов и простување.

Со почит,
Градоначалник на Општина Велес
Аце Коцевски