Само она што е создадено со сопствен труд е бесценето. Само она што сме го направиле за другите е нашата вистинска вредност.
Почитувани сограѓанки и сограѓани,
Во свое лично име и во име на Советот на Општина Велес, Ви го честитам 1.Мај, Меѓународниот ден на трудот.
Фактот што годинава го одбележуваме овој значаен празник во изменети околоности и со големи предизвици во битката за заштита на здравјето и благосостојбата на сите граѓани, не ја намалува неговата вредност.
Напротив, нашето единство во овие мигови само потврдува дека заедно можеме да ги надминеме и најголемите кризи и да изградиме уште поголема сплотеност, човечност и меѓусебно разбирање.
Искрено верувам дека заедно ќе успееме да го заштитиме секое работно место и дека ќе изградиме уште посилна заедница во интерес на сите граѓани.
Ви посакувам многу здравје и убави празнични денови со најблиските.
Со почит и благодарност,
Аце Коцевски Градоначалник на Општина Велес