Почитувани,

Во име на граѓанките и граѓаните на Општина Велес, Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, на сите припадници на Територијалната противпожарна единица – Велес, Ви го честитам 20 мај, Светскиот ден на пожарникарите.

Да се спротивставите на огнената стихија,храбро и без размислување да се борите со пламените јазици и да спасите човечки живот е бесценета и балгородна мисија. Вашата пожртвуваност, подготвеност и професионалност во секој обид да се спаси имотот на граѓаните, зафатен од пожар, е достојна за почит.

Не постојат зборови со кои можат да се изрази огромната благодарност за тоа што постоите, што сте достапни во секој миг од денот, што безрезервно ги поддавате рацете кон жртвите на пожарот.

Секој спасен живот е бесцент и без вас оваа хумана мисија би била невозможна. Вие сте нашите херои и наша гордост, вие сте гаранција за нашиот безбеден и безгрижен живот.

Најискрено Ви благодариме што сте секогаш тука за нас, особено во тешки моменти за сите нас, како што е пандемијата со Ковид – 19.

Останете храбри и доследни на вашиот професионален повик.

Посакувам да имате добро здравје, Вие и вашите семејства, нека ве следи среќа во сите понатамошни предизвици, со што помалку жртви и уништени материјални добра.

Нека Ви е честит Меѓународниот ден на пожарникарите.

 

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес

Аце Коцевски