Почитувани хуманитарни работници,
Со голема благодарност за вашата благородна мисија и успешната соработка, во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на граѓанките и граѓаните, ви гo честитам 19 август, Светскиот ден на хуманитарните работници.
Велес е хуман град, град кој беше познат како центар на хуманоста особено по последните случувања во однос на бегалската криза каде на голем број бегалци од далечните земји им беше пружена несебична помош.
Апелирам хуманоста да стане дел од нашето секојдневие и ги повикувам младите да ги негуваат овие највисоки човечки вредности.
Со почит,
Аце Коцевски
Градоначалник на Општина Велес