Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  „Заедно под исто сонце” за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Велес.

Евидентираните невранботени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на задолжителната обука од 3 месеци за лицата кои не поседуваат соодветен сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера согласно услугата која треба да се испорачува и за време на  работниот ангажман од 6 (шест)месеци/9(девет) месеци статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, со завршено образование за специјален едукатаор и рехабилитатор, педагог, психолог, социјален работник, социјален и рехабилитациски педагог, со завршено образование VII/1 степен, т.е VI A според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условите за наставник во одделенска настава (VII/1 степен т.е VI A според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС), како и лице наставник по предметна настава (VII/1 степен т.е VI A според МРК или 240 ЕКТС), при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

 

  • долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција);
  • млади лица до 29 години;
  • лица постари од 50 години;
  • невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на Коронавирусот COVID -19;
  • лица корисници на гарантирана минимална помош;
  • лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност;
  • лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа;
  • жртви на семејно насилство;
  • лица со попреченост;
  • жени припадници на помалите етнички заедници;
  • лица припадници на ромската етничка заедница;
  • самохрани родители;
  • родители на деца со пречки во развојот;
  • родители на 3 и повеќе деца.

 

Работните позиции кои се опфатени со овој повик се однесуваат на ангажирање на:

  • четири (4) образовни асистенти за работа со ученици со посебни образовни потреби во средните општински училишта.

Заинтeресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Велес во периодот од 04.08.2021 година до 14.08.2021 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Велес и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Велес кај лицето Родна Трајковска моб. 076 351 675, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“,  Агенција за вработување-Центар за вработување Велес кај лицето Елица Јаневска моб. 078 487 119, Центар за социјлна работа Велес кај лицето  Благој Костов моб. 070 238 363.


Јавен повик