Поради пандемијата со Ковид-19, годинава, Општина Велес ја известува јавноста дека Јавните расправи по Нацрт-програмите за работата на општината нема да се одржат со физичко присуство на сите заинтересирани граѓани.
Како одговорни граѓани за своето и колективното здравје, Општина Велес ги презема сите мерки на претпазливост за да се спречи ширење на заразата во заедницата.
За таа цел Општина Велес ги повикува сите заинтересирани граѓани, своите предлози, мислења и идеи да ги достават на programi@veles.gov.mk. На истата електорнска пошта можат да се добијат и дополнителни информации.
Ве повикуваме да се вклучите во креирањето на Програмите и Буџетот на Општината за 2021 година.
Своите предлози, идеи, мислења можете да ги доставите најдоцна до петок, 6 ноември 2020 година, до 12:00 часот. Сите Ваши конструктивни предлози ќе бидат уредно разгледани од страна на административните службеници, со можност да бидат вметнати во официјалните документи за работа на општината во 2021 година.
Нацрт-програмите можете да ги преземете на следниот линк.