ДОНАЦИЈА ОД „КАМ” ЗА СОЦИЈАЛНО РАНЛИВИТЕ СЕМЕЈСТВА ОД ВЕЛЕС

Компанијата „КАМ” ДОО Скопје денес донираше осумдесет пакети со прехрамбени продукти и средства за лична хигиена, во вкупна вредност од 75.120, 00 денари со вклучен ДДВ наменети за социјално загрозените семејства од Општина Велес. Станува збор за самоиницијативна, хуманитарна донација од „КАМ” ДОО Скопје во форма на материјални добра наменета за социјално ранливите семејства од…

Јавен повик до евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)  и општина Велес, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од…

ПО ЕДИНАЕСЕТТИ ПАТ, ВЕЛЕШКА ПОЕТСКА ВЕЧЕР

Членовите на клубот на писатели „Коста Солев Рацин” од Велес, вечерва настапија пред велешката публика и љубителите на пишаниот збор во рамки на Велешкото културно лето 2020 „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’”. Велешката поетска вечер со писатели, гости од целата држава, кои се членови на поетски друштва се одржува традиционално секоја година во…

„МУЗИЧКИ ЕТАЛОНИ НА НАРОДНАТА МУЗИКА” ДЕЛ ОД ВЕЛЕШКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО

Членовите на „Балкански музички центар – Македонија” вечерва настапија со етно концертот „Музички еталони на народната музика” во Ликовниот салон во Велес како дел од прогрмата на Велешкото културно лето  „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’”. Концертот е авторски проект на Оркестарот за народна музика „Зора” при Здружението „Балкански музички центар – Македонија”, со седиште…

„ПЕСНИ И ЗВУЦИ ОД ЧУДНАТА ШУМА” – ПОЕТСКО-МУЗИЧКИ ПЕРФОРМАНС НА „ВИС ТРКАЛЕЗНА МАСА” ВО ВЕЛЕС

Велешката публика вечерва имаше можност да ужива во извонредниот поетско-музички перформанс на групата „ВИС Тркалезна маса”, „Песни и звуци од чудната шума”. Настанот кој се одржа во Ликовниот салон во Велес е дел од програмата на Велешкото културно лето 2020 „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’”. Проектот „Песни и звуци од чудната шума” е поттикнат од новиот бран на…

КОНЦЕРТ НА ВЕЛЕШКИОТ ГРАДСКИ КАМЕРЕН ОРКЕСТАР

Во рамки на Велешкото културно лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’” вечерва во Ликовниот салон во Велес се одржа концертот на Градскиот камерен оркестар насловен „Сербез класика“. Со познати музички дела од Бокерини, Шостакович, Гершвин, Гардел и други, како и со македонски антологиски песни со потекло од Велес, настапија солистите Вероника Караколева, проф.…

БЕЗВРЕМЕНИ ЕВЕРГРИН РЕФРЕНИ ЗА СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

На отворената сцена на амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес, вечерва продолжи Велешкото културно лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’” со концертот на забавна музика „Евергрин поп-рок сцена” на кој настапија велешките поп-рок групи „Тринити” бенд и „R’n’B neighbors”. Поради временските неприлики концертот беше откажан од првично утврдениот датум и одржан вечерва согласно пропишаните протоколи…

УМЕТНИЧКИ ДЕЛА ИЗРАБОТЕНИ ОД ОРИЗОВИ ЗРНА ПРЕТСТАВЕНИ ПРЕД ВЕЛЕШАНИ

Во Ликовниот салон во Велес, вечерва во рамки на програмата на Велешкото културно лето 2020 „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’” беше отворена изложбата „Сè што не ти кажав” на дела во мозаична техника изработени од Снежана Лазарова – Луна, самоук, слободен уметник, наивец, која десетина години создава уникатни дела – слики изработени со…

ДЕНОТ НА МЛАДИТЕ ОДБЕЛЕЖАН СО КОНЦЕРТ НА КЛАСИЧНА МУЗИКА

Младите велешки музички таленти Љубица Малинова, Дора Пајдакова, Филип Костовски и Даниела Теова вечерва одржаа концерт на класична музика во рамки на програмата на Велешкото културно лето 2020 „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’”. Пред присутните љубители на класичната музика учесниците на вечерашниот концерт, кои се.ученици во класата на професорите Габриела Бачманова и Илија…