121 ГОДИНИ ОД ПОДВИГОТ НА ГЕМИЏИИТЕ

Денеска се навршуваат 121 година од солунските атентати и саможртва на Гемиџиите за Македонија. По тој повод делегации на Општина Велес, советници положија свежо цвеќе пред споменикот на Гемиџиите и оддадоа почит за нивните херојски дела и саможртва. Во нивна чест, Општина Велес ја обнови спомен плочата на која се испишани нивните имиња како вечен…

УНИКАТНИ РАКОТВОРБИ НА ВЕЛИГДЕНСКИОТ БАЗАР ВО МЛАДИНСКИ ПАРК

Уникатни рачни изработки и украси што го симболизираат најголемиот христијански празник Велигден се изложени на тезгите во Младински парк, изработени од вештите раце на велешките ракотворци. Ним денеска им се придружија и учениците од основните и средните училишта и градинката „Димче Мирчев“, кои со своите рачно изработени предмети и украси ги привлекоа граѓаните да си…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ДЕЛ ОД НАЈГОЛЕМАТА ЕКОЛОШКА АКЦИЈА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 24“

Општина Велес и годинава ќе учествува на најголемата еколошка акција во државата, Генералка Викенд 24, што по четврти пат ќе се одржи на 17, 18 и 19 мај. Еколошката акција во Велес ќе се одржи на 17 мај со чистење на локација на езеро Младост. Во акцијата ќе учествуваат вработени во општинската администрација, ЈКП Дервен,…

82 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ВПО „ДИМИТАР ВЛАХОВ“ И 80 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ПО „ТРАЈЧЕ ПЕТКАНОВСКИ“

Денеска се навршуваат 82 години од формирањето на велешкиот партизански одред  „Димитар Влахов“ и 80 години од формирањето на партизанскиот одред  „Трајче Петкановски“. По тој повод делегација на Општина Велес положи свежо цвеќе пред спомен бистата на загинатите борци во Спомен Костурницата. Вечна слава  и благодарност на сите што го положија животот за Македонија.  

ЗАВРШЕН НАСТАН НА ПРОЕКТОТ „МЛАДИ ЗА ИНКЛУЗИЈА, ЕДНАКВОСТ И ДОВЕРБА“

Повеќе културни и спортски манифестации во градот, поголема информираност на младите за настаните, повеќе тематски работилници, патеки за велосипеди, реконструкции на улици и уште многу други предлози и иницијативи споделија денеска младите со градоначалникот Марко Колев, на завршниот настан на проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“. Настанот се случи на отворено во Градскиот парк…

ЗАВРШЕН НАСТАН НА ПРОЕКТОТ „МЛАДИТЕ ЗА ИНКЛУЗИЈА, ЕДНАКВОСТ И ДОВЕРБА“

Повеќе од 200 млади ќе учествуваат на завршниот настан на проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“„ што ќе се одржи во понеделник, 15 април, во Градскиот парк во Велес, со почеток во 12:00 часот. На настанот младите ќе имаат можност да дискутираат со градоначалникот Марко Колев, претставници од Советот на Општина Велес и од…

СПОРТСКАТА САЛА ВО ООУ „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“ ДОБИВА НОВ ЛИК

При крај се градежните зафати околу реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Васил Главинов“. Се реновираше таванот на салата, се санираа ѕидовите, се промени и подот. Реновирањето ги опфати и соблекувалните и тоалетите со што се комплетира новиот лик на спортската сала. Предвидено е да се постави и обезбедување на спортската опрема. Со реконструкцијата на…

БУЛИНГОТ И ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО – ТЕМА НА ПРЕТСТАВАТА „ТИВКИ ЖРТВИ“

Во рамки на проектот „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“ денеска во салата Бели мугри се одржа театарската претстава „Тивки жртви“ во изведба на Младинско драмско-поетско студио ПРЕМИЕРА. Претставата ја отвори темата за врсничко насилство, булинг и сајбер насилство, негативни појави кои го окупираат секојдневието на младите во денешницата. Младите актери на сцената на мошне…

80 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ ДИМЧЕ МИРЧЕВ

Општина Велес ја одбележа 80 годишнината од смртта на народниот херој Димче Мирчев. По тој повод, делегации составена од претставници на локалната самоуправа  и градинката што го носи неговото име, положија свежо цвеќе пред спомен бистата на херојот, поставена во Младински парк, како и пред спомен бистата во дворот на градинката. Во чест на годишнината…

ЕДУКАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА МЛАДИ

„Врсничко насилство меѓу младите“ и „Инклузија и конструктивни наративи“ се темите на денешните две работилници што се одржаа во организација на Општина Велес во хотел Гардениа. На работилниците учествуваа ученици од средните училишта и претставници на Локален младински совет. Преку интерактивни вежби и видео презентации, предавачите на работилницата им ја доближија темата на учениците кои…