Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека во текот на овој викенд (11 и 12 април 2020 година) ќе спроведе ларвицидно третирање против комарци.

Во зависност од временските услови, реализацијата на активностите е предвидено да започне утре (сабота), 11 април 2020 година во раните утрински часови. Третирањето го извршува ЈЗУ Центар за Јавно здравје – Велес на површина од седум хектари.

Акцијата ќе се спроведува на локации на езеро „Младост”, а динамиката на реализација, во наредните десет денови, ќе се одвива според временските услови.  Третманот се врши со препаратот „Биопрен“ кој е безбеден за граѓаните и се наоѓа на листата на биоцидни производи на Министерството за здравство.

Ова теренско третирање против ларви од комарци, се извршува со средство во вид  на гранули кои се фрлаат во плитка застоена вода. Ова третирање не е штетно за луѓето, пчелите, ниту за домашните миленици.

Ова е општа мерка за заштита на населението од заразни болести која е предвидена во Програмата за активности на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2020 година.

Локации кои ќе бидат третирани: село Отовица, месност Јарбош, по течението на реката Вардар од Градскиот парк до делот на УЗ „Димче Мирчев”, па сè до реонот на „Долни Дуќани”.

Воедно, Општина Велес ја известува јавноста дека кон крајот на месец април или почетокот на месец мај оваа година ќе следуваат авионски прскања, за кои три дена пред реализирањето на активностите јавно ќе бидат објавени соопштенија за пчеларите кои треба да ги затворат кошниците со пчели во времетраење од три до четири часови, поради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Со почит,
Општина Велес