Почитувани,

Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, на сите припадници од исламска вероисповед, Ви го честитатам големиот празник Рамазан Бајрам.

Вие сте нераскинлив дел од нашето општество, нашата традиција и култура. Со векови наназад сме граделе соживот, сме ги негувале различностите, обичаите и толеранцијата, секогаш во добро и зло взаемно си помагавме и почитувавме. Во духот на овој празник, да продолжиме да ги негуваме овие вредности, затоа што само така ќе живееме во слога и разбирање и ќе бидеме пример за идните генерации.

Во овие тешки денови, кога сме исправени пред големи предизвици и пречки, да не дозволиме да потклекнеме и да се разочаруваме. Напротив, да покажеме храброст и да истраеме во борбата против невидливиот непријател, Ковид-19. Затоа овој празник да го поминете во кругот на семејството, во радост, мир и спокој.

Посакувам да имате добро здравје и успех во животот и уште многу години да ги славиме верските празници во заедништво, слога и почитување.

Нека ви е честит Рамазан Бајрам!

 

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес

Аце Коцевски