На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја извести јавноста за досегашните активности, донесените одлуки и заклучоци од одржаните седници на Општинскиот штаб за заштита и спасување при Општина Велес.
„Општинскиот штаб за заштита и спасување, во рамки на своите надлежности ги презема сите активности за добро и соодветно да ја менаџира оваа здравствена криза”, изјави Коцевски.
Градоначалникот ја потенцираше одличната комуникација како со формалните членови, така и со сите други институции кои не се формално членови на Општинскиот штаб, но кои се од големо значење и допринесуваат со размена на податоци и информации во процесот на делување на Општинскиот штаб, за менаџирањето на состојбата во градот.