Општина Велес, изготви Нацрт Б-Интегрирана еколошка дозвола на Друштво за производство и трговија на крзно и крзнени производи „ДИМКО МИТРЕВ“ АД Велес со седиште на ул.Димко Најдов , бр.94, Велес, за инсталација за: преработка на сурова овчка кожа во готово крзно со капацитет од обработена сурова кожа 3,5 т/ден и готово крзно и крзнени производи со капацитет од 1,2 т/ден со седиште на ул. Димко Најдов бр.94, Велес
Во согласност со член 107 став 13, а во врска со член 122 став 4 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07,159/08, 83/09, 48/10,124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18), оваа Нацрт-дозвола се става на увид на јавноста.
Засегнатата јавност има можност во следните 14 дена да ги достави своите забелешки во врска со Нацрт-дозволата.
Со почит,
Општина Велес