Конкурсот за доделување на наградата „Рациново признание” што се доделува за прозни и литературни остварувања на македонски автори, објавени во периодот помеѓу две изданија на „Рациновите средби”, по одлука на Организацискиот одбор денес е објавен во дневните весници и ќе трае до 1 август 2020 година, соопшти градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција.
Право на учество на Конкурсот на 57. Рацинови средби имаат сите издавачи и автори кои во периодот од јуни 2019 до мај 2020 година објавиле прозни дела на македонски јазик.