Врз основа на член 52 од Законот за административни службеници („Службен весник на РМ“ бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/14, 5/16, 142/61, 11/18 и „Службен весник на РСМ“ бр.275/19 и 14/20), а согласно Правилникот за систематизација на работните места на Општина Велес бр.01-2888/1 од 12.06.2018 година и Правилникот за изменување и дополнување Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација на Општина Велес бр.613/1 од 31.01.2020 година.

Секретарот на Општина Велес,  донесе

О Д Л У К А

за  избор на кандидат за административен службеник

по пат на унапредување

1.Со оваа Одлука се врши избор на извршител на работите на работно место: Советник за образование УПР 01 01 В01 000, Одделение за јавни дејности, Сектор за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки, информатичка технологија и поддршка на Градоначалникот, на кандидатот:

  • Билјана Вељанова

2.Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето и по конечноста на оваа Одлука, Секретарот на општината донесува решение за унапредување на административен службеник.

3.Одлуката за избор се доставува до избраниот кандидат и се објавува на интернет страницата на општината и на огласната табла на Агенцијата за администрација.

О б р а з л о ж е н и е

 Општина Велес спроведе постапка за унапредување на административен  службеник во Општина Велес, за следнoто работнo местo:

– Советник за образование- 1 извршител.

Интерниот оглас беше објавен на web страната на Општина Велес на ден 24.09.2020 година. Од страна на посебно формирана Комисија со Решение бр.04-3387/8 од 30.09.2020 година, на ден 05.10.2020 година во 10:00 часот, во просториите на Агенцијата за администрација спроведена е административна селекција. На огласот е пријавен вкупно 1(еден) кандидат, кој ги исполнува општите услови за прием на административни службеници согласно одредбите од Законот за административни службеници и посебните услови предвидени во Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација на Општина Велес и Правилникот за изменување и дополнување Правилникот за систематизација на работните места на општинската администрација на Општина Велес по пат на унапредување.

Комисијата за селекција спроведе административна селекција, Записникот бр.04-3387/10 од 05.10.2020 година, спроведе интервју со Записникот за спроведено интервју бр.04-3387/11 од 05.10.2020 година. По ова Комисијата за селекција изготви Предлог одлука и финална ранг листа од интервјуираните кандидати и му предлага на функицонерот да донесе одлука за избор на прво рангираниот горенаведен кандидат.

Врз основа на изнесеното се одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.

Правна поука: Против Одлуката, има право на жалба, преку Општина Велес, до Агенцијата за администрација, во рок од осум дена (8), од денот на објавувањето на одлуката на веб страницата и на огласната табла на Агенцијата за администрација.