Во парковската површина на ООУ „Васил Главинов”, вечерва продолжи Велешкото културно лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’” каде се одржа промоција на поетската книга „Во градината има само љубов“ од авторот Филип Димкоски.
Преку уметнички перформанс, кој на поразличен начин ја донесува поезијата до читателите беше промовирана оваа поетска збирка создавана четири години, а истата содржи песни поделени во неколку циклуси со заеднички мотив, љубов во повеќе облици, но сврзан со оној основниот и неопходниот, љубов кон создателката – природата.
Пред присутните љубители на пишаниот збор, книгата ја промовираше поетесата Лила Арсова.
Поради актуелната состојба со пандемијата Ковид-19 вечерашниот натсан, како и сите останати кои се дел од Велешкото културно лето, се одржа согласно пропишаните протоколи и мерки за заштита и превенција од ширење на Коронавирусот.
Програмата на Велешкото културно лето 2020 можете да ја погледнете на следниов линк.