Општина Велес организира граѓанска акција за пошумување на опожарениот дел на Езеро „Младост” која ќе се реализира на 28 декември 2019 година (сабота), на површина од 10 хектари.
Во акцијата ќе земат учество вработените во Општина Велес, јавните претпријатија и други општински институции, здруженија на граѓани и правни субјекти кои покажаа интерес за учество во пошумувањето.
Општина Велес обезбеди организиран превоз.
Автобусите ќе тргнуваат:
– во 09:15 часот на автобуска постојка спроти „ПАН ТАКСИ” и
– во 09:30 часот на улица „Гоце Делчев” спроти Основен суд.
Збирно место за учесниците кои ќе дојдат со сопствен превоз е на првите летниковци на Eзeро „Младост”, во 10.00 часот.
Почитувани граѓани, придружете ни се во активностите за ревитализација на нашето Езеро „Младост”.
ОПШТИНА ВЕЛЕС