СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЕСЕНСКА АКЦИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕ НА ОПОЖАРЕНИОТ ДЕЛ НА ЕЗЕРО „МЛАДОСТ”

Општина Велес организира граѓанска акција за пошумување на опожарениот дел на Езеро „Младост” која ќе се реализира на 28 декември 2019 година (сабота), на површина од 10 хектари. Во акцијата ќе земат учество вработените во Општина Велес, јавните претпријатија и други општински институции, здруженија на граѓани и правни субјекти кои покажаа интерес за учество во…