Почитувани,
Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 година, во периодот од 05:00 до 06:30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање, истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 година.
Границата, на третирањето е: Езеро Младост, село Отовица, месност Јарбош, по течението на реката Вардар од север од село Башино село низ Велес, сè до вливот на реката Бабуна и село Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна, кон фабриката „Киро Ќучук” и село Горно Оризари.
Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.
Се известуваат пчеларите во времето на третирање и три до четири часови потоа да ги затворат кошниците со пчели, поради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.